Skip to main content
Uncategorized

По Аца Лукас, приведена е и пејачката Џејла Рамовиќ во Македонија

01/12/2025  16:50

Пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд беа приведени откако полицијата утврди дека настапувале без соодветна работна дозвола, објави „Телеграф“. Инцидентот се случил за време на засилена контрола на угостителски објекти на главниот пат Кичево–Охрид, ноќта меѓу 29 и 30 ноември.

Полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГП Запад влегле во објектот каде настапувала Рамовиќ. За време на контролата, во објектот биле затекнати Џејла Рамовиќ и членовите на нејзиниот бенд — К.Ѓ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина.

Според полицијата, тие настапувале без работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци, соопшти СВР Охрид.