Skip to main content
Скопје

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

27/11/2025  12:28

Во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.

Состанокот, информираат од ЦУК, бил свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

-Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, истакнуваат од ЦУК.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување.