Skip to main content
Uncategorized

Скопјани денес дишат најчист воздух во светот (ФОТО)

27/11/2025  11:52

Дождот и ветрот направија конечно Скопје да биде на првото место по чист воздух, односно последно 93 место на земји во светот по загаден воздух.

Индексот на загадување е 5, односно чист воздух кој можеме без грижи да го дишеме!

Покрај честото неславно прво место на најзагаден воздух во светот, добро е да се видиме и на крајот на оваа табела.

Денес речиси цела Македонија дише чист воздух со исклучок на некои делови од југот и истокот. Најзагадено е во охридско-струшкиот и гевгелискиот регион, каде воздухот е штетен по здравјето.