Skip to main content
Хроника

Петмина уапсени на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства (ФОТО)

27/11/2025  11:15

Вчера во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода 34-годишниот Ј.Ќ. од Гевгелија.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.

Вчера во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.

Исто така вчера, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.