Skip to main content
Македонија

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судија во ЕСЧП

26/11/2025  16:43

Комисијата за избор на македонски кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги предложи адвокатите Јордан Апостолски, Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Како што изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изборот бил направен според критериумите за морален углед, судиски квалификации и правничка репутација.

До крајот на неделата листата ќе биде испратена до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе ја даде конечната оценка. Потоа, Владата треба да ги предложи кандидатите до Комитетот при Советот на Европа, по што следуваат интервјуа и конечна одлука на пленарна седница – најрано во април.

Меѓу пријавените биле и Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова Хуг.