Skip to main content
Спорт

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

26/11/2025  16:35

Трофејниот српски тренер, Жељко Обрадовиќ повеќе нема да биде тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, пишуваат белградските медиуми.

Денот по убедливиот пораз од Панатинаикос и катастрофалниот настап на црно-белите во второто полувреме, се повеќе се зборуваше за следните потези на експертот за трофеи, како и на раководството на клубот, предводено од претседателот Остоја Мијаиловиќ .

КК Партизан и покрај рекордниот буџет, бележи слаби резултати во Евролигата и со учинок од 4-9 е во долниот дел од табелата, а Обрадовиќ поднесе оставка по натпреварот во салата „ОАКА“!

Засега нема потврда од управата