
Суд во Истанбул го осуди турскиот новинар Фатих Алтајли на четири години и два месеци затвор за закана кон претседателот Ердоган. Пресудата не е конечна, но Алтајли останува во притвор поради наводен ризик од бегство.
Случајот произлегува од видео во кое Алтајли коментирал јавна анкета што покажала дека 70% од Турците се против доживотно претседателствување на Ердоган.
Новинарот негира прекршување на законот, тврдејќи дека неговите зборови биле искривени. Критичарите го обвинуваат Ердоган за автократско владеење, а турското судство во последните месеци засилено го притиска медиумите, уметниците и опозицијата.

