Skip to main content
Хроника

Скопјанец пронајден мртов во двор во општина Гази Баба

25/11/2025  15:05

На 24.11.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат А.Т.(46) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.