Skip to main content
Македонија

СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре!

30/11/2025  12:05

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски.

И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.

Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно.

Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните.

Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра?

Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски?

Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага.

Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.

Почитувани,

Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.

Мицкоски е само негов ученик и извршител.

Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите!

Крадењето мора да престане, веднаш!