Skip to main content
Магазин

83-годишник глумел во спот на Тејлор Свифт без да знае која е таа

25/02/2026  20:59

Немав поим која е таа, вели 83-годишен Британец кој учествувал во видеоспотот „Опалит“ на Тејлор Свифт. 

-Ми рекоа дека треба да бидам во северен Лондон во седум часот наутро. Им одговорив дека нема возови, па ми испратија такси, изјавил тој за Еј-Би-Си. Рејнолдс додал дека за Свифт дознал дури откако во весник прочитал за нејзината турнеја, непосредно пред снимањето.

Спотот за „Опалит“ е инспириран од естетиката на 80-тите години и прикажува приказна за осамена жена која со помош на магичен спреј се обидува да го подобри својот живот и да пронајде љубов. Ликот на нејзиниот партнер го толкува Глисон, а Рејнолдс се појавува во улога на судија на танцово натпреварување.

Според него, иако ја оценил со нула, песната била мошне заразна. Тој ја опишал Свифт како „многу мила и сочувствителна“, нагласувајќи дека разговарала со сите учесници, иако обезбедувањето било исклучително строго. Во спотот се појавуваат и водителот Греам Нортон и актерот Килиан Мерфи кој го позајмува гласот зад кадарот. Дел од сцените се снимени во Кројдон.

„Опалит“ е втора песна од 12-тиот студиски албум на Свифт („The Life Of A Showgirl“), кој минатата година беше најпродаван албум во Обединетото Кралство.