Skip to main content
Македонија

-7 степени измерени утрово на Попова Шапка

16/11/2024  10:23

Утрово најниска температура од -7 степени целзиусови е измерена на Попова Шапка. Следат, со -4 степени Маврови Анови и Крушево, -1 во Берово и Крива Паланка, во Прилеп и Битола, 1 во Виница, Скопје-Зајчев Рид, Претор и во Охрид, 2 Штип, Тетово, 3 Кавадарци и Струмица, 4 Велес, Демир Капија и Скопје-Петровец, и 5 степени во Гевгелија.