Skip to main content
Хроника

64-годишник со електричен тротинет се судрил со мопедист

29/04/2025  13:44

На 28.04.2025 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од А.С.(64) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од В.П.(33), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.