Skip to main content
Хроника

 62-годишен скопјанец починал додека возел

06/05/2026  15:56

Денеска (06.05.2026) во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо” со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје.

Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото.

Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.