Skip to main content
Свет

51-годишен маж ја фрлил сопругата од балкон а потоа со нож нападнал неколку лица во Словачка

03/12/2024  11:15

Петар К.(51) е осомничен дека ја фрлил сопругата од балкон, а потоа со нож нападнал неколку лица во Малака, Словачка.

„Осомничениот планирал физички да нападне една од жртвите, која тој ден дошла кај него и неговата сопруга. Откако испиле уште малку ракија, меѓу нив настанала расправија“, изјавила портпаролката на полицијата.

Петар во еден момент ја фрлил жената од балконот, жената паднала на земја, а тој од станот почнал да фрла по неа разни предмети, пренесуваат медиумите во регионот.

Потоа прво со кујнски нож го нападнал човекот кој сакал да и помогне на повредената жена. Група луѓе почнале да го спречуваат во понатамошниот напад, а на некои им нанел убодни рани со нож.

Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, тој со истиот нож нападнал и полицаец. Набрзо успеале да го задржат и да го уапсат.

Тој е во притвор од петокот и се товари за тешка телесна повреда и напад на службено лице.