
Трагија доцна вечерта го потресе Охрид – 44-годишна жена го загуби животот, а едно лице е повредено во тешка сообраќајна што се случила тешка сообраќајна незгода на кружниот тек кај Гимназијата во Охрид.
Според првичните, неофицијални информации, несреќата се случила кога возило од марка „Голф“ удрило во двајца пешаци – маж и жена – кои се движеле по обележана пешачка патека. Причините за несреќата засега се непознати, а повеќе детали се очекуваат по истрагата на надлежните органи.
Овој немил настан само ја засили вознемиреноста во градот, кој веќе е потресен од трагедија. Само еден ден претходно, во водите на Охридското Езеро беше пронајдено безживотно тело на машко лице, што дополнително ја обележа оваа седмица како една од најцрните за охриѓани.
Од Секторот за внатрешни работи – Охрид информираат дека работат на целосно расчистување на двете случувања и најавуваат повеќе информации во текот на денешниот ден.