Search

Јавното обвинителство гони 36 лица за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка.

Пред неколку минути беше донесено уште едно лице. Околу судот може да се забележи засилено полициско присуство, а фотографирањето и снимањето е ограничено во реонот околу судот.

Засега неофицијално е познато дека еден од пратениците се повикал на имунитетот, но законски тоа е можно само за дело до 5 години затвор додека за делото за кое се осомничени минималната казна е 10 години. 

По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик“ се вели во соопштението на јавното обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави