
На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија.
Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните.
Либералната демократија не е декларација – таа е борба. Борба против заробени институции, корупција, против систем што ги наградува послушните наместо способните.
ЛДП јасно порачува: Македонија може повеќе, Македонија мора подобро.
Не прифаќаме нормализација на неправдата, ниту тивко помирување со просечноста.
Горди на историјата, но фокусирани на иднината – продолжуваме посилно, похрабро и погласно.
Со силна енергија, јасна визија и непоколеблива верба дека вистинските вредности секогаш наоѓаат пат.
ЛДП не е само партија, туку движење на слободни луѓе што веруваат дека „не се сите исти” – и токму затоа, борбата продолжува….
Се додека Македонија не стане либерална демократија.
Соопштение ЛДП


