Skip to main content
Свет

Разорен земјотрес на Тибет, најмалку 95 загинати

07/01/2025  10:01

Разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер утрово го погоди Тибет.

MK Summit

Според последните информации бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, додека бројот на повредени е 130, пренесе Ројтерс.

Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.