
Дваесет и двегодишна девојка од Куманово била приведена вчера на Граничниор премин Табановце поради питачење.
– На 10.04.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници од СВР Куманово и социјални работници презеле мерки за сузбивање на асоцијална појава питачење, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во 17.00 часот од слобода била лишена Д.Р.(22) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело по член 201 став од Кривичниот законик.
– По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.