Шалке го продава стадионот на навивачите за да се спаси од банкрот

Шалке испадна од Бундеслигата пред три години, а сега се бори да остане во втората лига. Во моментов тимот од Гелзенкирхен е на 13. место. Клубот е во големи финансиски проблеми.

Германците пишуваат дека Шалке е во минус од 168 милиони евра. Раководството се обидува да собере пари, па се обидува да ги вклучи и навивачите во приказната. Имено, клубот на навивачите им понуди акции на стадионот Велтинс Арена во Гелзенкирхен.

Челниците сакаат да ги санираат долговите со продажба на стадионот. Со официјално соопштение беше објавено дека започнува продажбата на акциите на стадионот. Прво ќе се формира здружение за таа цел, а цената по акција треба да биде помала од 750 евра.

Претседателот на Шалке, Матијас Тилман објасни како здружението ќе купува акции на стадионот, а со него ќе продолжи да управува клубот.

„Билд“ овој потег на Шалке го нарече почеток на „питачка кампања“. Овој проект треба да започне за еден месец, а од клубот очекуваат дека на овој начин ќе се спаси од банкрот.

Шалке пет пати беше шампион на Германија, последен пат во 1958 година. Последниот трофеј го освои во 2011 година, кога го освои Купот на Германија.

Треба да знаете
Последни објави