По Германија, и Франција ги враќа граничните контроли

Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.

Според тој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.

„Сериозни закани за јавниот ред, јавната безбедност и внатрешната безбедност претставени со високо ниво на терористичка активност, зголемено присуство на криминални мрежи кои ја олеснуваат нерегуларната миграција и криумчарење, како и миграциските текови кои ризикуваат инфилтрација на радикализирани поединци“, се некои од причините наведени на веб-страницата на Европската комисија, пишува Луксембург Тајмс.

Исто така, се наведува дека нерегуларните премини на границите на Ла Манш и Северното Море, како и зголемувањето на насилството меѓу мигрантите, доведуваат до „опасни ситуации во кои се вклучени и мигрантите и органите на редот“. зш/

Треба да знаете
Последни објави