Малолетничка удрила во паркирано возило – тешко е повредена

„Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14.00 часот на улица „4 Мај“ во Кавадарци, мопед „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Кавадарци, удрил во паркирано патничко возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Р.Б.(68) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави