Притвор за две лица, еден во бегство – истрага за оружениот инцидент во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица во врска со вооружениот инцидент што се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир. Случајот беше поднесен од Министерството за внатрешни работи, а лицата се товарат за кривично дело „Учество во тепачка“, според член 132, став 1 од Кривичниот законик.

По доставената пријава, двајца од осомничените се под истрага и за нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје. Во меѓувреме, еден од осомничените е во бегство и засега е недостапен за органите на прогонот.

Истрагата продолжува и за четврти учесник во инцидентот, за кој постојат индиции дека со огнено оружје предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана на оштетениот. Овој осомничен моментално се наоѓа на издржување затворска казна за друго дело во Казнено-поправната установа „Идризово“, а за него се собираат дополнителни докази.

Треба да знаете
Последни објави