Пожар во магацин на фирма од Скопје – запалени се и два автомобили

На 15.10.2024 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во магацински простор на приватна фирма.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

На 16.10.2024 пал во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Жил Верн“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Б.(34) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен

Во СВР Скопје исто така било пријавено дека на 14.10.2024 околу 03.25 часот во село Долно Количани, општина Студеничани, било опожарено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М.(34) од истото село. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави