Новинарот Димитриевски: Мојот најрадосен ден беше денот кога сите ја споделувавме тагата за загубата на Тоше Проески

На денешен ден пред седумнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Естрадниот новинар и уредник на порталот Вистина.мк Антонио Димитриевски овојпат се присети и раскажа за дружењата професионални и приватни со големата ѕвезда.

-Замина, ама никогаш не замина. Го нема повеќе само физички, но неговите песни, дела, аура, хуманост вечно ќе ги паметиме, вели Димитриевски.

Димитриевски открива и на какви чудни патеки ќе те однесе животот кога во еден ден личната радост ќе се преплете со националната тага.

Вознемиреноста од веста за смртта на Проески влијаело и на раѓањето на ќерката на Димитриевски.

-Добив ќерка, нека ти е жива и здрава, ми велеа, но го изгубивме нашиот ангел. Мојот најрадосен ден беше денот кога сите ја споделувавме тагата. Голема лична радост и најголемата тага за Македонија, регионот, вели Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави