Меѓународна научна конференција „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“

Во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во Скопје ќе биде отворена деветтата Меѓународна научна конференција „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Како што е најавено, на настанот обраќања ќе имаат директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор на научната конференција Лидија Тантуровска.

Во рамките на настанот ќе биде промовиран Зборникот од осмата конференција.

Треба да знаете
Последни објави