Милошевски разрешен од директор на АНБ, на негово место доаѓа Бојан Христовски

На денешната седница на Владата донесена е одлука за кадровски промени во Агенцијата за национална безбедност, каде од директорската позиција е сменет Заре Милошевски, а на негово место доаѓа Бојан Христовски.

Милошевски дојде на директорското столче откако беше избран за наследник на Виктор Димовски.

Наследувањето на функцијата беше во време кога Агенцијата за национална безбедност ја тресеа скандали поради давање на македонско државјанство за украинскиот олигарх Олександр Онишченко.

Христовски кратко време беше директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, а има искуство на повеќе позиции во МВР.

Треба да знаете
Последни објави