Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски алармираше дека грејната сезона нема да почне за осумте основни училишта на територија на општината оти од Министерство му кажале дека нема пари за покривање на долговите за греење.

Министерката е оптимист дека градоначалникот, за кого вели дека е многу способен, е најде решение.

„МОН дава блок-дотации на општините. Ние блок – дотациите ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. Организација на градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат не само грејната сезона туку се друго што треба. Ова, и ако го упатил до Министерството, не е прашање што треба да се упати до Министерството. Очекувам сите училишта да имаат греење затоа што е невозможно да се учи без греење. Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата.

Градоначалникот Јакимовски вчера на прес-конференција предупреди дека грејната сезона, која почнува денес, нема да почне за осумте основни училишта во Карпош и побара Владата да си ги покрие трошоците за греење на во висина од 8.3 милиони денари. Рече дека блок-дотациите не се доволни за покривање на трошоците за греење и кажа дека мината година Општината одвоила 6 милиони денари од својот буџет за покривање на трошоците за греење иако локалната самоуправа не е должна да го прави тоа.

Треба да знаете
Последни објави