Поранешен играч на Реал именуван за нов тренер на Бока Јуниорс

Бока Јуниорс донесе одлука околу наследникот на Диего Мартинез кој ја заврши приказната како прв тренер на екипата на крајот на минатиот месец.

Клубот од Буенос Аирес реши за нов предводник на тимот да го именува Фернандо Гаго, човек кој во два мандати настапуваше за Бока. Тој во Европа беше дел од Реал Мадрид, Рома, Валенсија за да потоа дома ја заврши играчката кариера по што почна да се гради какоо тренер.

Преку Алдосиви, Расинг и Гвадалахара слета на „Ла Бомбонера“ каде најува офанзивен и напаѓачки фудбал.

-Ќе се обидам да дадам се од себе за да формирам тим кој ќе се натпреварува во сите натпреварувања што треба да ги игра. Сакам екипа која води, која знае каде сака да игра, многу офанзивна тежина. Да го има тој интензитет секогаш да сака да ја има топката.

-Зборував како група, индивидуалните разговори ќе се одвиваат секојдневно. Планот е ист, кој е добро ќе игра. Без разлика на името, кој ќе тренира најдобро ќе игра и така ќе го составуваме тимот секоја недела.

-Сега уживам и како што кажав вчера, се враќам дома, во местото каде што пораснав. Многу сум среќен и возбуден, сакам да им се заблагодарам на мојата сопруга и на моите деца, кои не можеа да бидат овде денес и би сакал да бидат тука, но ние ќе уживаме во Ла Бомбонера, -порача Гаго.

Треба да знаете
Последни објави