Прегазен пешак со автомобил во Скопје – возачот избегал

Вчера во 15.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Ј.Ф.(53) од село Горно Коњари, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави