Тежок ден: Утре колективен погреб на настраданите од поплавите во Јабланица

Колективен погреб на настраданите од поплавите во месноста Доња Јабланица, ќе се одржи утре во 14 часот, потврдија од Исламската заедница (МИЗ) од Јабланица.

Церемонијата ќе ја предводи реис ул улемата на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, а погребите ќе се извршат на гробиштата во Доња Јабланица, Џевор и Злат, објави порталот Кликс.

Обилните врнежи што ја погодија Северна Херцеговина и Централна Босна на 4 октомври, предизвикаа поројни поплави и лизгање на земјиштето. Досега се пронајдени 17 тела во Јабланица и три во Коњиќ, а се трага по уште пет исчезнати лица, јавуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави