Зетот на Панче: Велибор му ги извадил бекатон плочките – тука настанал спорот

Зетот на Панче и сопруг на Ана, Тодор Кирков во своето сведочење за убиството на Панче, рече дека не комуницирале многу често со дедото, еднаш-два пати во месецот.

– Дента сопругата ми се јави дека го нема Панче. Отидов кај него дома, видов дека колата ја нема, разгледав низ дворот, па сопругата ми прати клуч по такси. Греалката работеше, внатре беше многу топло. Го барав низ собите, го немаше, си реков отишол некаде, ќе се врати – рече Тодор.

Тој потврди дека го пријавиле исчезнувањето на Панче во полиција околу 18 часот и дека тој го идентификувал телото.

– Ни се јавија во недела од полиција, рекоа да земеме со нас алишта. Кога го видов телото, имаше дупка кај устата и крв кај очите. Панче беше добар, нормален човек, без инциденти, не можам да кажам ништо лошо за него. Јас се познавам со Велибор и со Боро. Со Велибор заедно учевме во средно. Знам дека Панче имаше некој спор со Велибор – рече Тодор.

На прашањето каков проблем имал Панче со Велибор, Тодор рече:

– Се договориле да му го среди дворот за 1.600 евра. Панче му дал 1.100 евра и рекол дека ќе му доплати кога ќе се врати од Германија ама не му доплатил оти не му се допаднало како е завршена работата, па Велибор си ги извади бекатон плочките и настана спорот.

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува во среда. Следни сведоци се: Дејан Димовски, Музафер Каишиќ, Ристе Самарџиев, Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми, Мирче Мицевски и Митре Лазаревски.

Треба да знаете
Последни објави