Курти обвинува за нова провокација од Србија: српски трупи се приближиле до косовската граница

Косовскиот премиер Албин Курти во саботата вечерта објави дека српските воени сили повторно провоцирале, приближувајќи се на околу 50 метри од границата со Косово, во близина на општина Каменица. Курти ја сподели информацијата на својот профил на Фејсбук, придружена со фотографии, на кои, како што тврди, се забележани српските војници пред да се повлечат откако биле снимени од косовските власти.

Курти потенцира дека Косово значително инвестирало во своите разузнавачки и безбедносни структури, подготвени да се справат со какви било закани за територијалниот интегритет. Тој истакна дека Србија продолжува со хибридни акции за да ги зголеми тензиите и дестабилизира регионот, иако, според него, можностите за вакви маневри се намалуваат. Засега нема реакција од официјален Белград.

Треба да знаете
Последни објави