Санкции  поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Денеска (13.10.2024) околу 05.00 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од  Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус „мерцедес” со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Џ.Р.(42) од село Бајрамовци, дебарско.

При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави