Во Скопје балкански самит за влијанието на вештачка интелигенција во модерното време

Во Скопје денеска се одржа балкански самит „World Changers Balkan Summit“, на тема влијанието на вештачката интелигенција во модерното време. На самитот учествуваа министерите за животна средина и просторно планирање и за здравство, Изет Меџити и Арбен Таравари, поранешниот албански претседател Илир Мета, потпретседателот на Собранието на Косово Енвер Хоџај, како и дипломати и професори од универзитети.

За време на самитот, Меџити потенцираше дека визијата за напредокот на Северна Македонија се заснова на јасен пат кој обезбедува одржлив развој, во тесна соработка со образовните, академските и научните институции.

-Нашата земја мора да биде место во кој државните и јавните институции работат рамо до рамо со академската заедница, бидејќи само така можеме да бидеме сигурни дека секоја одлука ќе се заснова на докажани и научно проверени факти, одобрени со помош на стручни луѓе кои мислат и работат врз основа на објективни стандарди, рече Меџити.

Тој додаде дека нашето време се карактеризира од една страна со исклучително брз технолошки напредок, а од друга страна со глобални кризи кои бараат навремени и соодветни одговор

Треба да знаете
Последни објави