Есенска диета: За една недела, три килограми помалку

Есента носи богати трпези кои често негативно влијаат на нашата линија, но не значи дека мораме да ги жртвуваме вкусните оброци за да ги изгубиме вишокот килограми. Постојат начини да ослабете лесно и здраво, без да исфрлите ниту една група на намирници од вашата исхрана.

Оваа диета е идеална за оние кои сакаат да изгубат три килограми за една недела без да се чувствуваат лишени од омилената храна. Клучот е во балансираната исхрана со умерен избор на намирници, при што количината на внесена храна не е строго ограничена.

Како функционира диетата?
Појадокот е ист секој ден и се состои од едноставна, но енергетска комбинација: грејпфрут, кафе или чај без шеќер, и еден интегрален двопек. Ова ќе го активира вашиот метаболизам и ќе ви даде енергија за почетокот на денот.

Пример за мени:

•   Прв ден:
•   Ручек: Мешано месо со домат и лимонада без шеќер.
•   Вечера: Риба на скара или од конзерва, сезонска салата и грејпфрут.
•   Втор ден:
•   Ручек: Овошна салата.
•   Вечера: Ќебапи со домат, целер и маслинки.
•   Трет ден:
•   Ручек: Салата од туна со лимон и интегрален двопек.
•   Вечера: Бифтек на скара со сезонска салата.
•   Четврти ден:
•   Ручек: Две варени јајца и сирење.
•   Вечера: Варено или на скара пилешко со свежа салата.
•   Петти ден:
•   Ручек: Сирење со обарен спанаќ и интегрален двопек.
•   Вечера: Риба на скара или од конзерва со мешана салата.
•   Шести ден:
•   Ручек: Овошна салата.
•   Вечера: Пилешко на скара со мешана салата.
•   Седми ден:
•   Ручек: Пилешко на скара со обарен зеленчук и грејпфрут.
•   Вечера: Месо на скара со краставици, целер и домат.

Предноста на оваа диета е што не се чувствувате ограничено, бидејќи јадете разновидна храна од сите групи – овошје, зеленчук, протеини и интегрални житарици. Ова го одржува вашето тело нахрането и енергично додека слабеете на здрав начин.

Треба да знаете
Последни објави