Директорот на скопското училиште во чиј двор две деца сакале да силуваат соученик поднесе оставка

Директорот на општинското основно училиште во Ѓорче Петров, во кое се случи обид за силување на ученик со тврд предмет, поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.

Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендиран еден наставник, одговорен за одделението.

Полицијата вчера извести дека 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека во вторникот во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Според МВР, децата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз соученикот.

Треба да знаете
Последни објави