Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради снимање на филм на мостот Беласица

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024 (сабота) во периодот од 06.00 до 18.00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Треба да знаете
Последни објави