Земале брз кредит во туѓо име – му ги искористиле податоците од личната карта

Поднесена е кривична пријава против две лица поради сомение дека земале брз кредит во име на друго лице. Едната кривична пријава е поднесена против 60-годишниот Ѓ.А. од Делчево, додека другата кривична пријава е поднесена против 57-годишниот Ц.С. од Битола поради помагање.

Двајцата пријавени најпрво го довеле во заблуда оштетеното лице, ги искористиле податоците од неговата лична карта при што земале кредит од финансиско друштво.

Треба да знаете
Последни објави