Две лица од Турција направиле измама за продажба на стан во вредност од 3.3 милиони денари

МВР поднесе кривична пријава против две лица граѓани на Турција Н.М.А.(48) и А.А.(51) поради сомнеж дека сториле кривично дело измама.

Од МВР велат дека на почеток на годинава, на 21.01.2024, едниот од осомничените А.А. се договорил со друго лице за купопродажба на стан. Подоцна, со лажно прикажување на факти, оштетениот бил доведен во заблуда и на Н.М.А. преку банка уплатил 810.000 турски лири и на тој му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од околу 3.321.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави