Касами со камери ќе ги лови сите кои фрлаат ѓубре надвор од контејнерите во Тетово

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска имаш средба со претставници на компанијата Заубермахер на која биле дискутирани конкретни чекори за зачувување на животната средина и одржување на чистотата во градот. Се најавува дека секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота.

-Во рамките на оваа соработка, ќе бидат поставени камери за мониторинг на сите клучни точки во градот, со цел следење и надзор на состојбата. Општина Тетово апелира до сите граѓани да ги почитуваат правилата и да не фрлаат отпадоци на несоодветни места. Секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота. Да се ангажираме сите за чист град и здрава животна средина без отпадоци, се вели во изјавата на Касами, која ја пренесува Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.

Во соопштението, Општина Тетово упатува и молба до граѓаните кои имаат инертен отпад што не може да се фрли во контејнери да се обратат до Јавното комунално претпријатие (ЈКП), кое ќе се погрижи за транспорт на отпадот од нивните домови.

Треба да знаете
Последни објави