Бразилски судија ја укина забраната за социјалната мрежа Х

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Алехандре де Мораес ја укина забраната за социјалната платформа X на технолошкиот милијардер Илон Маск.

– Наредувам крај на суспензијата и овластувам итно продолжување на активностите на Х, рече Де Мораес во својата одлука.

Националната агенција за телекомуникации АНАТЕЛ доби инструкции да преземе чекори за обновување на услугата на платформата.

Тимот за глобални владини прашања на X напиша на платформата дека е „горд“ што се враќа во Бразил.

– Да им се даде пристап на десетици милиони Бразилци до нашата неопходна платформа беше најважно во текот на целиот овој процес, напиша компанијата.

– Ќе продолжиме да ја браниме слободата на говорот, во границите на законот, секаде каде што работиме, истакна компанијата.

Де Мораес нареди укинување на X на крајот на август, откако платформата дозволи да помине судскиот рок за назначување правен застапник. Компанијата исто така одби да ги блокира профилите на десничарските активисти кои шират теории на заговор и дезинформации.

X поднесе барање за укинување на блокадата откако назначи правен застапник за Бразил како што беше побарано и ги блокираше профилите на девет корисници кои се под истрага на Врховниот суд.

Треба да знаете
Последни објави