Скопјанка тешко повредена: Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место

Полицијата вчера во 14:25 часот добила пријава од приватна болница во Скопје дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје.

-Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави