Нема крај на пирамидалните шеми: По Конти тука се Грок и Етернал

Македонската јавност се уште е во шок од пропаста на плтаформата Конти која во минус остави илјадници граѓани на Македонија, а во меѓувреме се појави уште неколку такви платформи.

Една од нив е платформата Грок која како и Конти нуди брза заработка за тој што ќе вложи пари и само ќе треба да „клика“ на одредени содржини и со самото тоа за еден месец да добие неколку пати повеќе од вложеното.

Но покрај Грок има уште една идентична шема односно апликацијата Етернал, каде што исто така за гледање на одредена содржина, корисниците треба да добијат надомест за вложените пари.

Апликацијата DGPT исто така ветува брза заработка за оние кои ќе купат некакви пакети, а од прикажаното многу лесно може да се заклучи дека станува збор за пирамидална шема.

Свесно вложив онолку колку што можев да изгубам

24инфо.мк стапи во контакт со лице кое вложило средства на платформата Конти и кое беше волно да ни го сподели неговото искуство.

Горан М. од Скопје за 24инфо.мк раскажа што го навело да влезе во шемата на Конти.

„За Конти имав чуено уште во април месец годинава кога сета процедура ми ја раскажа еден мој другар. Бев свесен во што влегувам затоа што знаев дека тоа е иста шема како Биг комерц од пред две три години. Некако претчувствував дека приказната кратко ќе трае па вложив за мене симболични 300 долари што ги повратив веќе следниот месец. Потоа решив да терам со 500 долари и на последниот пресек требаше да земам околу 2400 долари, но апликацијата згасна“ кажа Горан.

Имајќи го предвид претходното искуство, Горан не се нафатил да ја препорача платформата на ниту еде од своето опкружување.

Се земале кредити, брзи кредити, се позајмувало и кај лихвари

Нашиот соговорник Горан вели дека вложил свои средства но истовремено бил сведок и како некои луѓе од неговото опкружување зеле дури и кредити за да вложат во Конти.

„Имав еден сосед и еден колега кои отидоа до банка а потоа и до брзи кредити за да земат пари за да вложат во Конти. Има приказни дека луѓе се задолжиле и кај лихвари само за да обезбедат пари (од 3000 до 5000 евра) за да земат појак пакет за исплата на Конти. Како завршиле на крајот дали во плус или инус не знам, ама знам дека е сериозна ситуација да се задолжуваш за да вложиш во нешто што самото по себе е коцка“ вели Горан.

Треба да знаете
Последни објави