Во парк во Сарај пронајдено 20 годишно момче : Бил нападнат со остар предмет

Вчера во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, скопско.

Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите.

Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави