Од општина Чаир доаѓа во Влада: Венера Латифи Азизи назначена за нова портпаролка на Владата

Венера Латифи Азизи е новата портпаролка на Владата на Република Северна Македонија. Таа од општина Чаир доаѓа во Владата.

Латифи Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага,уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 телевизија и други медиуми во земјава. Моментално е вработена во Кабинетот на градоначалникот на општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста.

Политикологија дипломирала на Универзитетот на Југоисточна Европа. Во моментов е магистранд по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатлантските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.

Треба да знаете
Последни објави