Меѓународна изложба на кучиња викендов во Скопје

Во сабота и во недела на стадионот на АРМ ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „Оctober Dog Show“ во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошките клубови Поларис и Лотус Ројал.

Кучињата ќе бидат оценувани од судии од Северна Македонија, Србија, Перу, Литванија и Словачка. Најдобрите ќе добијат сертификат за државен шампион CAC и интернационален сертификат за првак во убавина CACIB.

Во рамки на настанот во сабота ќе се одржи специјализирана изложба за расата шнауцер, а во недела специјализирана изложба за расата германски шпиц.

Рокот за пријавување за учество на изложбата е до утре до полноќ. Повеќе информации за пријавувањето и изложбата може да се најдат на веб страницата на Кинолошкиот сојуз на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави