Болните од рак се жалат: Биопсија и гастроскопија без анестезија… што прави државното здравство со народот?

Граѓаните болни од канцер во земјава преку групи на социјалните мрежи постојано си даваат поддршка во борбата со најстрашната болест, си споделуваат совети, бараат помош но си ги кажуваат и маките.

Така, последно тие се пожалија дека во државава биопсијата како и гастроскопијата дека се извршуваат без користење на анестезија, па тие се изложени на голема болка. Велат ова го има само кај нас…

Пациентите додаваат дека мораат да ја трпат оваа голема болка затоа што не можат да си дозволат да одат на приватно и да платат за услуга која вклучува анестезија, па се тешат меѓусебно да издржат.

Треба да знаете
Последни објави