Мециновиќ: Владата да испрати помош во постраданите места во БиХ

На денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија, Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ побара од Владата да испрати помош во настраданите подрачја од поплавите во Босна и Херцеговина.

„Во името на Левица, во мое лично име и во својство на Претседател на група за соработка помеѓу парламентите на Република Македонија и Босна и Херцеговина јавно да повикам македонската Влада да испрати помош во настраданите подрачја во оваа земја.”

Солидарноста е еден од основните принципи на левичарската идеологија. Претходно, многупати била потребна помош на македонскиот народ, така и Скопје, стна град на солидарноста после големиот земјотрес. Оттука, сметаме дека и најмала помош испратена во тешки моменти може да има огромно значење.

Изразуваме надеж дека Владата ќе го усвои ова уште на првата идна Седница.

Треба да знаете
Последни објави