“МИНИ ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА” Периодов ќе имаме значително повисоки температури на воздухот, и до околу 30 степени!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што и претходно најавив, оваа седмица ќе го имаме задоцнетото “Мини Лето”, кое требаше да го имаме во септември месец, а истото кај народот е познато како „Циганско Лето.“

Ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу 25 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе се искачат  и до речиси 30 степени.

Што се однесува до врнежите, тие оваа седмица ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме релативно стабилно и суво време, освен во среда кога ќе има услови за локален краткотраен дожд, проследен со ретки грмежи. Исто така во среда  и во четврток повремено ќе засилува ветерот од југозападен правец.

Треба да знаете
Последни објави